речник контакт

Како ќе се решава проблемот со дивоградбите на Бабуна?

За општинската власт најважно е да се сопре процесот на нови градби а потоа ќе се работи етапно

Петар Печков

Како да се реши проблемот со дивите градби по долниот тек на реката Бабуна. Ова е прашање кое 10-тина години е актуелно во Велес. Претходните локални власти не го решија а сега го притиска и актуелниот градоначалник Чадиев. Во заштитеното подрачје од месноста Пешти, до вливот на реката Бабуна, природната убавина е нарушена со изградба на дивоградби, за кои сопствениците немаат документ.

Некои од нив  узурпирале општествено земјиште. Чудно е што ЕСМ тогаш иако без документ за сопственост ги поврзала  со струја а отпадните води од куќите одат во реката или во јами, кои  со Бабуна се поврзани преку подземните води.  

Таму има  повеќе десетици изградени куќи. Дел од нив се во опсегот на речното корито  на реката Бабуна. Затоа е сериозен проблем и за околината и сопствениците. Ова е комплексен наследен проблем. Основно е што сакаме да ја сопреме секоја натамошна градба.  Во следната фаза ќе пристапиме на решавање на проблемот  заеднички со сопствениците на градбите, во заштитниот појас. Ова е тешко за решавање, имаме изградено огромни објекти, но ќе мораме да преминеме на решавање. За почеток ќе решаваме околу реката – изјави градоначалникот Чадиев.

Тој на протестот на сопствениците на камп приколките околу езерото Младост, на нивното прашање  зошто не реагира за дивоградбите  покрај Бабуна, изјави дека се ќе се реши во свое време. За потоа да каже дека овие куќи ќе мора да се отстранат кога ќе се прави езеро во долниот тек на Бабуна. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »